Ердоган и Трамп разговараа за создавање "безбедносна зона" во Сирија

Претседателите на Турција и САД, Реџеп Тајип Ердоган и Доналд Трамп, разговараа по телефон за создавање "безбедносна зона" во Северна Сирија, пренесоа агенциите, повикувајќи се на турското претседателство.

 

Во соопштението се вели дека идната област ќе биде "исчистена од тероризам". Ердоган му рече на Трамп дека Турција е подготвена да им обезбеди на САД каква било поддршка за нивното повлекување од Сирија. Повеќе детали не беа дадени.

Телефонскиот разговор се одржа во екот на новите тензии меѓу САД и Турција во врска со судбината на курдските сили за заштита на народот (СЗН). Таа организација од страна на Анкара се смета за терористичка организација, но е сојузник на Вашингтон во борбата против "Исламска држава", забележуваат медиумите.

Турција не крие дека планира да започне операција против СЗН, а САД, кои минатиот месец објавија дека ќе ги повлечат своите војници од Сирија, се обидуваат да ги смират своите курдски сојузници.

Вчера, Трамп на Твитер ја напиша идејата за создавање 30-километарска "безбедносна зона" во Сирија. Денеска државниот секретар на САД, Мајк Помпео прецизира дека зоната ќе биде поставена така што ќе бидат заштитени како Турција, така и курдските сили.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, коментираше дека неговата земја не е против овој проект.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.