Драч од денеска станува царинска испостава и на Косово

Албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот вицепремиер Фатмир Лимај присуствуваа на денешното отворање на царинската испостава под контрола на приштинските власти во албанското пристаниште Драч.

 

Лимај меѓу другото рече дека „царинската интеграција” е најважен проект по изградбата на автопатот Тирана-Морина-Приштина, а Рама дека ова е првиот чекор кон „царинската унија на Косово и Албанија”.

 

Косовската царинска испостава се отвора врз основа на одлуката донесена на седницата на владите на двете земји одржана на крајот на ноември во Пеќ.

 

За Љимај овој ден е клучен за продлабочување на интеграцијата и соработката меѓу Албанија и Косово.

 

-Од четирите одлуки донесени на заедничката седница  на владите одржана во Пеќ, денеска спроведуваме уште еден договор. Првиот, за интеграцијата на границата, започна на почетокот од оваа година и ќе биде завршен во март, додека денес e косовската царинска испостава  во Драч што ќе биде важен знак за нашиот заеднички лик и визија за царинската унија,-рече Лимај.

 

Рама ја повтори претходно најавената најава за  „граници, врз основа на моделот на Шенген”.

 

-На границата меѓу Тирана и Приштина, напролет ќе имаме сосема нов систем, шенгенски систем,-рече Рама.

 

Тој отворањето на косовската испостава во Драч ја нарече „прв важен чекор кон целосна царинска унија меѓу Албанија  Косово".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.