Големата национална дебата во Фрација започна со кратко обраќање на претседателот Макрон пред 600 градоначалници

Големата национална дебата во Фрација започна со кратко обраќање на претседателот Емануел Макрон пред 600 градоначалници собрани во спортската сала на општината Гранд Буртерлуд (Нормандија), во близината на Руа, јавува дописникот на МИА.

 

Градоначаникот на Гранд Буртерлуд, претходно му подари на Еманеул Макрон медал на градот со изгравираниот датумот 15 јануари 2019, датумот кога започнува националната дебата. Тој притоа му предаде и тетратка во која 110 жители на неговата општина ги искажале своите мислења и дале придонес во дебатата.

„Се зборува за куповната моќ, даночната политка, невработеноста, многу очекувања… Ние учествуваме во дебатата и да се надеваме дека ќе најдеме колективно решение," нагласи Вансан Мартан, Градоначаникот на Гранд Буртерлуд.

Претседателот Емануел Макрон во краткиот уводен збор на дебатата, побара од неговите соговорници да бидат директни, да ги искажат нивните  грижи, но и тие на нивните граѓани со оглед дека тие се нивни најдиректни претставници.

„Периодот во кој живееме ни поставува многу предизвици, кои ги загрижуваат нашите граѓани,  за републиканскиот ред и мир е нешто за што нема да попуштаме" – нагласи Макрон директно мислејќи на насилните манифестации на движењето на „жолтите елеци".

Сегашната ситуација во која се наоѓа Франција,  според францускиот претседател е „шанса".

Емануел Макрон побара дека треба да се отфрли демагогиите  и насилството и да се најдат решенија за земјата со надминувања на поделбите. Тој приоа потсети на неговите 35 прашања  кои им ги постави на Французите во писмото испратено до сите Французи.

Се очекува дебатата да се фокусира на четири главни теми: оданочувањето и јавната потрошувачка, организацијата на државата и јавната администрација и услуги, еколошката транзиција, демократија и граѓанството.

Во секоја од овие категории, шефот на државата им поставува прашања на Французите, вкупно триесет и три. Некои од отворените теми може да се завршат на крајот со организирање на референдум. Ова е особено случај во четвртиот дел, за демократија и граѓанството, каде што шефот на државата се запрашува за „белото" гласање, ограничувањето на бројот на пратеници, улогата на Сенатот и Советот за економски, социјални и еколошки прашања, или извлекување на граѓани за учество во јавните дебати.  Макрон  исто така, го покренува прашањето за Референдумот за граѓански иницијативи едно од главните барања на “жолтите елеци.

Францускиот претседател, се покажува непопустлив околу  реформите кои веќе се преземени исклучувајќи ја идејата за нивно преиспитување, вклучувајќи го и откажувањето на данокот врз богатството.
Пред поставувањето на оваа општа рамка за идните дискусии, Макрон , побара престанок на насилството во демонстрациите на „жолтите елеци”.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.