Курц: Жал ми е, нема да има нови преговори за Брегзит
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 16 Јануари 2019
Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека Европска унија не би требало да преговара со Велика Британија за договор за излез на земјата од Унијата.
Неговата изјава уследи откако британскиот Парламент го отфрли планот на премиерката Тереза Меј за Брегзит.
– Жал ми е поради исходот од гласањето за Брегзит во Долниот дом на британскиот Парламент. Во секој случај нема да има нови преговори за нов договор за повлекување, напиша Курц на Твитер.
Долниот дом на британскиот Парламент синоќа со 432 гласа „против“ и 202 „за“, го отфрли Договорот за излез на Велика Британија од ЕУ, што лани во ноември го постигнаа Владата на премиерката Тереза Меј и Брисел.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс