КУПУВАЊЕ ПАСОШ: Најбараните пасоши кои може легално да се купат

На многу луѓе им требаат повеќе пасоши, било тоа да е заради патување, економски причини, помали даноци или инвестиции со помали давачки.

 

– За некои тоа е статусен симбол, како купувањето автомобил, нагласува економистот Нури Кац.

 

Купувањето втор и трет пасош е особено тренд меѓу богатите, и во тој случај најчесто се работи за државјанство во замена за инвестиција. 3а купувачот тоа е предност доколку има можност, на пример, за купување стан или земјиште со пониски даноци.

 

Предноста е и тоа што еднаш стекнатото  државјанство не може да се одземе, освен во случај на потежок криминал.

 

Интересот на земјата која го дава пасошот пак, е привлекување богати странски инвеститори и развој на својата економија. Така, тајландскиот пасош чини 3.000 долари, а пасошот на Малта, која е и членка на Европската Унија, или оној на САД, на пример, достигнуваат и до милион долари. Оние на карипските држави, како што се Антигва, Сент Китс и Невис и Света Луција, вредат од 100.000 до 150.000 долари.

 

За пасошот на Велика Британија, условот е барателот на државјанство одредено време да живее во земјата, пред да има право да го добие истото.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.