Претпријатијата да се подготват на „најлошото“ во случај на немање договор за Брегзит

Медеф, водечката организација на француските работодавачи, ги повикува компаниите да се подготват за „најлошото сценарио”, за излезот на Велика Британија од Европската унија без договор.

 

„Овој резултат , сега го прави за жал можно излегувањето на Велика Британија од ЕУ без договор на 29-ти март” пишува во соопштението на Медеф, која се уште се надева дека ќе се најде решение.

 

„Во секој случај, Медеф ги повикува сите компании да се подготват за најлошото сценарио, односно  немање-договор” и за неговите последици за нивните активности, додава организацијата на работодавачи во соопштението.

 

Медеф потсетува дека за излез без договор, луѓето, стоките, услугите и капиталот повеќе не може да се движат слободно меѓу Европа и Обединетото Кралство.

 

Според организацијата на работодавачите, 300.000 Французи работат од другата страна на Ла Манш.  Истовремено 150.000 Британци се населиле во Франција, каде што речиси десет милиони нивни сонародници доаѓаат секоја година на одмор, 30.000 француски претпријатија извезуваат во Велика Британија и повеќе од 3.000 од нив се на британска територија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.