БРИТАНСКИ РАЗВОД: Хаос во Лондон по гласањето за Брегзит

Британскиот парламент го отфрли договорот за Брегзит. 432 пратеници гласаа против договорот со Брисел, а само 202 го поддржаа. Поразот е историски, последна разлика од 200 гласови имало на гласање во 1924 година.

 


Опозицијата, повика на гласање за недоверба на премиерката Тереза ​​Меј, кое ќе се гласа в среда.

Во првите зборови по гласањето, премиерката побара брзо објаснување за тоа што сака парламентот. "Ние ги должиме овие одговори на европските граѓани кои живеат во Велика Британија и британските граѓани во Европа", рече Меј.

"Целосно понижување", "Историски пораз", "Борба за живот", ова се само некои од насловите на водечките британски изданија на денот по гласањето.

Реакциите од Европа беа дефинитивни - нема да има повторно преговарање за договорот. Ова беше постојано изјавувано од европските лидери пред гласањето во британскиот парламент.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, рече дека шансите за хаотичен излез на Велика Британија од ЕУ значително се зголемија.

И тоа ќе биде огромен шок за британската економија. Ако Лондон ја напушти унијата на 29-ти март без договор, економијата ќе се намали за дури 8 отсто, според прелиминарните анализи. Исто така, ќе има огромни застои на границите, бидејќи сите производи кои влегуваат и ќе го напуштат кралството ќе мора да бидат проверувани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.