Тројца повредени при експлозија на покривот на Универзитетот во Лион

Три лица се полесно повредени денеска при силна експлозија на покривот на зградата на Универзитетот во Лион, што се наоѓа во лионското предградие Вилурбан, соопшти француската полиција.

 

По експлозијата избувнал пожар, кој набрзо бил изгаснат, а била спроведена и евакуација на присутните во објектот.

 

Управата на Универзитетот соопшти дека до „случајната експлозија" дошло при градежни работи за реновирање на објектот.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.