Харадинај: Мојата верба во САД нема да избледи со или без виза

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај вели дека има верба во САДржави и дека таа верба нема да избледи дури и доколку не добие или му биде одбиена американската виза, јави дописникот на МИА од Приштина.

 

Според косовските и српските медиуми, на косовскиот премиер не му е дадена американсака виза, заради неговото одбивање да ја укине таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина, така што не ќе може да присуствува на молитвениот појадок во Вашингтон.

 

Харадинај на денешната средба со 120 студенти од Виена и Венеција нагласи дека САД го помагаат Косово од 1999 година и затоа неговиот став за таа држава нема да се смени.

 

– Мојата верба во САД нема да се смени, ниту со виза, ниту без неа. Тие ни помогнаа во 1999 година. Тоа е одлука на една држава и таа нема да смени ништо во мојот однос кон неа, изјави косовскиот премиер.

 

На средбата со австриските и италијанските студенти, кои престојуваат во Косово во рамки на програмата „Европски мастер во областа на човековите права и демократизацијата“, Харадинај рече дека косовските студенти се разликуваат од европските единствено по тоа што им е ограничена слободата на движење поради одбивањето на Европската унија да ги укине визите за Косово.

 

– Косово има атрактивна понуда за Европа, како земја со големи човечки и економски ресурси, кои ЕУ треба да ги прифати како вредност и партнерство, изјави Харадинај.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.