Стотина кибер напади годишно против француските војски и нивното министерство

Француските војски и нивното надлежно министерства се цел на стотина кибер напади годишно, изјави денеска француската министерка на војските Лоранс Парли, при претставувањето на француската доктрина за офанзивна информатичка (кибер) војна.

 

“Во 2017 година, имаше 700 безбедносни инциденти, вклучувајќи и стотици напади на мрежата на Министерството. Во 2018 година, тој број достигнат е во септември. Тоа значи дека во текот на еден ден просечно има два безбедносни инцидента што ги погодуваат службите на нашето министерство,  нашите операции, нашата техничка експертиза, па дури и наставата во воена болница”, наведе таа во говорот посветен на дигиталните закани.

 

Според Флоран Парли, серверите на француското Министерство за одбрана, особено биле цел на кибер напад кон крајот на 2017 година и во април 2018 година во текот на кој „напаѓачот се обидел директно да пристапи до содржината на имејл-пораките на 19 високи службеници на министерството, вклучувајќи ги и оние на некои чувствителни личности “. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.