Сопругата на поранешниот шеф на Интерпол побара азил во Франција
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 18 Јануари 2019
Сопругата на Менг Хонгвеи шеф на Интерпол кој е во затвор во Кина од лани, побара азил во Франција за себе и своите две деца.
Грејс Менг и седумгодишните близнаци живеат во Лион каде е седиштето на меѓународната полцисика агенција. Тие се под полициска заштита бидејќи примале закани.
– Примив чудни телефонски повици. Автомобилот ми е оштетен. Двајца Кинези маж и жена ме следеа до хотелот, изјави Менг за француско радио.
Менг (64) исчезна во септември минатата година за време на посета на Кина. Интерпол на 7 октомври објави дека тој поднел оставка на функцијата шеф на Интерпол и еден ден подоцна Министерството за јавна безбедност објави дека е под истрага за примање мито. Менг беше избран за шеф на Интерпол во крајот на 2016 година.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс