Германија ги повикува Британците да останат во ЕУ

Водечки фигури од германската политика ја повикуваат Велика Британија да остане во Европската унија. Тие упатија писмо објавено во Тајмс и потпишано од 31 човек меѓу кои и новиот лидер на Христијанско-демократската унија Анегрет Крамп-Каренбауер и поранешниот голман на Арсенал, Јенс Леман.

 

Основен акцент во писмото е Велика Британија по војната. Споменати се улогата на Лондон во моментот, повоените пабови и пантомимата, заради кои тие ги повикуваат Британците да останат во Унијата.

 

– Без вашата голема нација, овој континент немаше да биде истиот, се нагласува во писмото.

 

– По ужасите од Вората светска војна, Британците не се откажаа. Ја прифатија Германија назад како суверена нација и европска сила.

 

Тие наведуваат дека „го почитуваат изборот“ на Британците кои сакаат да ја напуштат ЕУ, и ако државата го направи тоа, „се уште ќе има пријатели во Германија и во Европа“.

 

– Нашата врата секогаш ќе биде отворена, нагласуваат потписниците во писмото.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.