Трамп се сретна со претставникот на Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со претставникот на Пјонгјанг, поранешниот шеф на разузнавањето Ким Јон-чхол, соопштија американските медиуми.

 

Се очекува тие да разговараат за односите меѓу САД и Северна Кореја и напредокот кон целосна денуклеаризација на Северна Кореја.


Пред да разговара со Трамп, севернокорејскиот претставник се сретна со американскиот државен секретар Мајк Помпео. Портпаролот на Стејт департментот ги карактеризираше разговорите како "добри" и рече дека целта била да се постигне напредок за исполнување на ветувањата направени од Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун на нивниот состанок минатата година во јуни во Сингапур.

Оттогаш Трамп неколку пати зборуваше за евентуална нова средба со севернокорејскиот лидер на почетокот на оваа година, а си разменија и писма, и покрај недостатокот на видлив напредок за исполнување на заедничкиот договор за денуклеаризација, постигнат во Сингапур, додаваат американските медиуми.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.