Во Париз денеска повторно протестираа "Жолтите елеци"

Десетта последователна сабота во Париз протестираат "Жолтите елеци". Маршот е организиран и покрај националниата дебата започната оваа недела со претседателот Емануел Макрон со цел да се смири незадоволството, пренесоа агенциите.


Во француската престолнина се распоредени 5.000 полицајци, главно околу владините згради и булеварот "Шанз Елизе", каде во претходните протести имаше насилство.


Ова е десетта саботата на национални протести на "Жолтите елеци" и денот ќе покаже дали иницијативата на Макрон за широко јавна расправа на проблемите ќе ја намалила моќта на движењето, забележуваат агенциите. Првично протестите почнаа поради зголемените цени на горивата, но прераснаа во бунт против економските тешкотии во земјата.







Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.