Тага во Полска: Илјадници луѓе го испратија градоначалникот на Гдањск на неговото последно патување

Денеска во Полска е ден на национално жалење во. Земјата му оддава почит на градоначалникот на Гдањск. Павел Адамович беше убиен со нож на хуманитарен настан. Убиецот е 27-годишник, кој излегол од затвор пред помалку од еден месец.


По смртта на градоначалникот, илјадници луѓе излегоа на улиците на Гдањск, Познан и Варшава за да запалат свеќи за сеќавање и да протестираат против насилството.

 

Од вторникот, полската полиција уапси најмалку 10 лица заради повици на социјалните медиуми за убиства и акти на агресија. Меѓу затворениците е 48-годишен маж осомничен за закани на претседаелот на Европскиот совет и поранешен полски премиер Доналд Туск.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.