СНЕЖНА БУРА ВО САД: Откажани и одложени 6.700 авионски летови

Неповолни метеоролшки услови, вклучувајќи снежни врнежи во централниот и североисточниот дел на САД, предизвикаа денеска откажување и одложување на над 6.700 авионски летови, објави Си Ен Ен.

 

Според медиумот, последиците од снегот можат да засегнат повеќе од 100 милиони луѓе во многу држави од Мисури до Мејн. Во градовите Чикаго, Детроит и Кливленд има снежни виулици, а на југ, во Мемфис и Џексон има силни грмотевици.

 

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо времено го забрани движењето на тешки товарни возила низ повеќе патишта во државата. Компанијата „Амтрак" го ограничи сообраќајот на патнички и приградски возови денеска и утре поради лошите временски услови. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.