(ВИДЕО) СУРОВА КАЗНА ЗА КИНЕСКИ РАБОТНИЦИ: Ползеле по улица бидејќи не ги исполниле поставените цели

Уште едно видео се појави на интернет кое покажува како кинеските работодавци сурово се однесуваат со нивните вработени.

 

Работниците на трговска компанија за козметика беа принудени да ползат по улицата во Тенгџоу, во провинцијата Шангдонг, бидејќи не ги исполниле поставените цели.

 

Тие беа предводени од човек кој го носел знамето на компанијата. Околу понижуваните работници минуваа возила, а на крајот полицијата реагираше и ја прекина таквата казна.

 

 Една од жените рече дека меѓу учесниците на оваа чудна парада биле и шефовите на компанијата, а не таканаречените "обични" работници.

 

Иако имало поединци кои, очигледно, доброволно учествувале во оваа казна, јавноста не била задоволна, па така компанијата била затворена. Дали ќе продолжи да работи, во моментов не е познато.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.