Трет „Марш на жените" ширум САД

Во стотина градови ширум САД вчера е одржан „Марш на жените" со кој е одбележана втората година од протестите што беа организирани по инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп во јануари 2017 година.

 

Демонстрантите побараа да влијаат врз политиката, помеѓу другото и за зголемување на минималната плата, пристап до здраствена грижа и правото на гласање.

 

Од „Маршот на жените" наведоа дека сакаат да ги мобилизираат жените да гласаат на изборите во 2020 гдина, кога се очекува Трамп повторно да биде републикански кандидат за претседател на САД.

 

„Маршот на жените" се одржа и во Бостон, Хјустон, Балтимор и Денвер.

 

– Дефинитивно е голем, голем фокусот на изборите во 2020 година, изјави Натали Санчез, една од организаторките на маршот во Бостон во 2017 година.

 

Додека Сара Спортман, една од учесничките во Маршот во Конектикат истакна дека пристигнала на протест во Вашингтон за да се спротистави на начинот на работа на Трамп, како и за заштита на животната средина и имиграциските права.

 

– Едноставно не ми се допаѓа во која насока оди нашата држава и мислам дека можеме многу подобро, посочи Спортман.

 

Во Њујорк и во Вашингтон организирани се повеќе од еден марш и демонстрации поради критиките упатени кон некои од лидерките дека изнесувале расистички и антисемитски ставови.

 

Организаторите го отфрлија обвиненијата за несоодветно однесување и нетолеранција и порачаа дека „Маршот на жените" ги осудува сите видови на предрасуди и говорот на омраза.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.