Илјадници луѓе демонстрираа во Париз против абортусот и евтаназијата

Демонстрантите, кои тврдат дека добиле поддршка од папата Фрањо и неколку француски епископи, ги повикаа лекарите во земјата да прибегнуваат кон т.н.. "откажување од морални причини", и да не извршуваат абортуси, пренесоа француските медиуми.

 

Во Франција има околу 200.000 абортуси годишно.

 

Учесниците во денешниот 13-и "Марш за живот" се изјаснија против предлогот немажените жени и лезбејски парови да имаат право на асистирана репродукција, што сега ја имаат само хетеросексуалните парови.

 

Демонстрантите во Париз исто така побараа евтаназијата во Франција да остане забраната.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.