Косово од денеска со Министерство за одбрана
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 21 Јануари 2019
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај утрово свечено ја откри таблата на влезот на новото Министерство за одбрана на Косово, со што симболично го одбележа подигнувањето на повисоко ниво на досегашното Министерство за безбедносните сили на Косово (ФСК), јави дописникот на МИА од Приштина.
– Со симболичниот настан на откривањето на таблата со написот „Министерство за одбрана" од денеска Косово го формализира својот интитуционален чадор за најмладата восјка на светот, порача Харадинај.
Рустем Бериша, кој од септември 2017 година беше министер за ФСК, а од денеска е министер за одбрана, изјави дека „денешниот ден е посебен ден за Министерството, за ФСК и за сите граѓани на Косово".
Тој најави дека транзицијата на ФСК ќе се одвива постепено и дека се планира да се заврши во наредните 10 години.
Министерството за ФСК прерасна во Министерство за одбрана минатиот месец, кога во косовското Собрание беа изгласани трите закони, со кои ФСК практично се трансформира во војска на Косово.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс