Рамадани: Косово ќе биде 31-та членка на НАТО

Косовскиот заменик-министер за одбрана, Бурим Рамадани е убеден дека Република Косово ќе биде 31-та членка на НАТО, јави дописникот на МИА од Приштина.

 

Рамадани во интервју за „Епока е Ре" истакна дека за да ја оствари таа цел Владата ќе ги засили политичките и дипломатските напори.

 

Тој ја отфрла можноста таксата од 100 отсто што ја воведе Владата на Рамуш Харадинај на увозот од Србија и од Босна и Херцеговина, на што се спротивстави официјален Вашингтон, да влијае врз добрите односи на Безбедносните сили на Косово (ФСК) со САД.

 

– Тие две работи не се меѓусебно поврзани. Специјалното стратешко партнерство со САД не е ад-хок, туку е цврсто и опстојно, изјави Рамадани за приштинскиот весник.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.