Обесено огромно руско знаме на скеле во близина на катедралата Солсбери

Големо руско знаме како виси на скеле крај катедралата во британскиот град Солсбери, предизвика лесни превирања меѓу градежниците, кои дошле на работа утрово, соопшти BBC. 

 

Знамето на Руската Федерација било веднаш отстрането, а локалните политичаријаи окарактеризираа случката како "глупава шега" во позадина на скандалот со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј и неговата ќерка Јулија.

Според очевидци, руското знаме било долго околу 10 метри и широко 7 метри. Од полицијата се уште ги проверуваат записите од камерите во областа, за да утврдат кој е злосторникот кој го закачил знамето на скелето.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.