Премиер на Австралија: Странска влада стои зад кибер нападот

Кибер нападот врз австралискиот Парламент, со кој е извршен упад во мрежите на клучните политички партии, најверојатно го извршила странска влада, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон, но не го именува „осомничениот".

 

-Нашите кибер експерти верувааат дека софистициран државен актер е одговорен за оваа злонамерна активност. Исто така, дознавме дека  со нападот се погодени и мрежите на некои политички партии- либерали, лабуристи и националисти, рече Морисон во обраќањето во Парламентот.

 

Морисон, меѓутоа, не откри кои информации истекоа, но рече оти нема доказ за мешање во изборите. Нападот на серверот на австралискиот Парламент е извршен на 8 февруари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.