Американски сенатор вети истрага за обидот за административен удар врз Трамп

Истакнат републикански сенатор во неделата вети истрага за наводите на поранешниот шеф на ФБИ дека заменик-министерот за правда, Род Розенштајн, разговарал за отстранување на претседателот Доналд Трамп од функцијата во 2017 година.

 

-Постои тврдење на тогашниот привремениот шеф на ФБИ дека заменик-министерот за правда, всушност, се обидувал да изведе административен удар, да го собори претседателот со постапката, која е пропишана во 25 уставен амандман, изјави сенаторот Линдзи Грахам.

 

-Заменик-министерот за правда го негира тоа. Затоа, на вам, и на гледачите ви го ветувам следново: ќе одржиме сослушување за тоа кој ја кажува вистината и што всушност се случило, рече Грехам, поборник на Трамп.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.