Новиот американски амбасадор во БиХ допатува во Сараево

Новоименуваниот американски амбасадор во Босна и Херцеговина Ерик Нелсон пристигна во Сараево.

 

Должноста ќе ја преземе од досегашната амбасадорка Морин Кормак, а пред доаѓањето во Сараево, на граѓаните на БиХ им порача дека се радува на посетите на заедниците ширум земјата, со цел да се запознае со историјата, културата и разноликоста, но и да слушне на каква иднина граѓаните се надеваат. Тој посочи дека САД и натаму ќе даваат поддршка на луѓето кои и сега работат на изградба на попросперитетна држава, каде владеењето на правото и ефикасната влада им служат на сите граѓани на БиХ.

 

Нелсон е дипломат од кариера, кој во дипломатијата е од 1980 година. Претходно тој беше извршен секретар и директор на Извршната канцеларија на Извршниот секретаријат во рамки на Стејт департментот.

 

При сослушувањето пред Комитетот за надворешни работи во Сенатот во октомври 2018 година, Нелсон изјави дека Вашингтон ќе остане цврст во поддршката на територијалниот интегритет на БиХ и оти ќе се обиде оваа држава да ја потурне нанапред.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.