Вучиќ: Време е за договор со Косово, но ќе биде пеколно тешко

Две децении од најголемиот европски нерешен спор, српскиот претседател Александар Вучиќ за Блумберг изјави дека е време да се постигне договор, но дополни дека ќе биде исклучително тешко.

 

Во интервјуто за Блумберг, кое го пренесува Танјуг, Вучиќ потенцира дека прво мора да бидат укинати таксите, а секој договор мора да содржи слободно движење на стока и луѓе.

 

Блумберг оценува дека откако Атина и Скопје го решија спорот околу името, меѓународниот притисок се префрла на Вучиќ, од кого се бара со косовскиот претседател Хашим Тачи да работи на постигнување договор.

 

– Решавањето на спорот меѓу Грција и земјата која сега се вика Република Северна Македонија беше полесно, оценува Вучиќ. – Ќе биде потешко од пеколно тешко, истакна српскиот претседател.

 

Блумберг констатира дека со постигнување договор ќе им се овозможи на двете страни да се приклучат кон ЕУ, а кога е Косово во прашање, и кон НАТО. Агенцијата дополнува дека Србија и натаму е клучна во регионот кој е растргнат меѓу конкурентските интереси на надворешните сили. „За Србија членството во ЕУ е потенцијален економски раст, Косово настојува да ја зацементира својата независност, а Европа сака да ја зголеми стабилноста на Балканот", истакнува Блумберг. Агенцијата уште оценува дека Русија е внимателна што се однесува на поддршка на евентуален договор кој би можел да го забрза членството на Србија во ЕУ и дополнително да го намали нивното регионално влијание, кое веќе губи на сила.

 

Вучиќ вели дека и тој и Тачи ќе мора да им објаснат на граѓаните дека ниту една страна нема да добие се што сака.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.