Русија принудно го одлага производството на авионот МС-21

Москва го одложи стартот на производството на патничкиот авион МС-21 за една година, поради американските санкции воведени кон Русија, соопшти рускиот конгломерат „Ростек".

 

Првиот човек на „Ростек", Сергеј Чемезов нагласи дека со американските санкции се ограничува извозот на композитни материјали неопходни за производство на авионот, па компанијата ќе мора да најде начини да ги обезбеди тие делови од домашно производство.

 

– Датумот на стартот на масовното производство (на авионот) малку се поместува и сега се очекува тоа да се случи кон крајот на 2020 година, додаде Чемезов.

 

Русија се надеваше дека проетокот за изработка на МС-21 ќе продонесе за заживување на руската индистрија за производство на цивилни авиони.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.