Вучиќ: Договорот со Косово ќе биде тежок

"По две децении на најголемиот европски спор - Белград-Приштина - време е да се постигне договор", изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за агенцијата Блумберг, но додаде дека ќе биде исклучително тешко.

 

Вукиќ најпрво инсистира на укинување на царинските давачки што ги воведе Приштина и дека секој договор мора да содржи слободното движење на стоки и луѓе.

Од Блумберг оценуваат дека откако Атина и Скопје го решија спорот за името, се зголемува меѓународниот притисок на Вучиќ, од кого се бара да работат заедно со косовскиот претседател Хашим Тачи за постигнување договор.

"Решението на спорот меѓу Грција и земјата, која сега се нарекува Република Северна Македонија, беше полесно", рече Вучиќ. "Ќе ни биде потешко од пеколот", рече српскиот претседател.

Од Блумберг заклучуваат дека, со постигнување на договор, ќе биде можно двете страни да се приклучат кон ЕУ. Агенцијата додава дека Србија останува клучна во регионот, растурена меѓу конкурентските сили на надворешните сили.

"За Србија, членството во ЕУ е потенцијален економски раст, Косово се обидува да ја зајакне својата независност, а Европа сака да ја зголеми стабилноста на Балканот", потенцира Блумберг.

Агенцијата, исто така, додаде дека Русија е претпазлива во поддршката на евентуалниот договор што би можел да го забрза членството на Србија во ЕУ и дополнително да го намали регионалното влијание на Москва, кое веќе слабее.

Вучиќ рече дека тој и Тачи ќе треба да им објаснат на граѓаните дека ниту една земја нема да добие сè што сака.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.