Захарова: Повикот на Трамп до венецуелската војска е уцена

Повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до венецуелската војска да ја поддржи опозицијата предводена од Хуан Гваидо, треба да се третира како уцена, оцени денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

 

„Уцена како средство за враќање на демократијата на народот на Венецуела", напиша Захарова на Фејсбук како реакција на говорот на Трамп во Макајами.

 

Тој од таму ја повика војската на Венецуела да ја поддржи опозицијата, да дозволи минување на хуманитарен конвој и да биде амнестирана, или во спротивно „сè ќе изгуби". Трамп, од говорницата на Меѓународниот универзитет Флорида во Мајами истакна дека САД стојат зад Гваидо, кого го признаа за легитимен претседател на Венецуела. Тој и порача на војската на Венецуела дека ако продолжи да го поддржува актуелниот претседател Николас Мадуро „нема да пронајдат безбедно пристаниште, ниту лесен излез". – Сè ќе изгубите!, се закани Трамп и истакна дека САД се залагаат за мирна транзиција на власта, но и дека „сите опции се на маса".

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.