Во Риека поставен семафор со женски лик

Во Риека, по повод Меѓународниот ден на жената, е поставен првиот семафор на кој има женски лик.

 

Ликот на машки пешак е заменет со женски лик во фустан.

 

Иницијативата е на здружението „СОС Риека", со цел да се намалат предрасудите кои ги поддржуваат родовите стереотипи и промовираат еднаквост.

 

Иницијаторката на идејата Дуња Роиќ, која е советничка за правни прашања, оваа пракса ја видела во западните земји. Нејзината идеја ја поддржа градоначалникот Војко Оберснел.

 

– Сакаме да ги поттикнеме луѓето да размислуваат за тоа како жените се застапени во јавниот простор и преку симболите. Во исто време, нашата намера е да се обидеме да влијаеме врз институциите да размислуваат за тоа како се застапени жените, наведуваат од здружението СОС Риека.

 

Во градот планираат да постават четири вакви семафори.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.