Курц: Ако Белград и Приштина се договорат за границите, ние не треба да сме пречка

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека ја поддржува идејата за размена на територии меѓу Србија и Косово, иако тоа е многу чувствителен проблем.

 

Курц, кој престојува во Вашингтон, каде вчера се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Австрија позитивно гледа на дијалогот меѓу Белград и Приштина и ќе ја поддржи размената на територии, иакo „се работи за тешка тема“.

 

– Ако двете страни се согласат за ова, Европејците не треба да бидат пречка, како ни Американците, истакна Курц.

 

Тој побарал од Трамп да се ангажира повеќе во решавањето на проблемите меѓу Косово и Србија, нагласувајќи дека САД имаат големо влијание врз Приштина, кое може да се искористи на позитивен начин.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.