УНИЦЕФ: Во Јемен регрутирани 2.700 малолетници

Завојуваните страни во Јемен досега регрутирале и вклучиле во конфликтот најмалку 2.700 малолетници, објави Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ).

 

Канцеларијата на УНИЦЕФ во Јемен преку Твитер соопшти дека најмалку 2.700 деца биле регрутирани во судирите и дека две третини од жените во таа земја биле насилно венчани како малолетнички.

 

Исто така, се истакнува дека децата се најголема жртва во конфликтите во Јемен и се потенцира дека децата не смеат да бидат цел.

 

УНИЦЕФ минатиот месец објави дека од 2015 година досега во Јемен загинале најмалку 6.700 малолетници.

 

Јемен е зафатен од длабока политичка и безбедносна криза која ескалираше во граѓанска војна кон крајот на 2014 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.