Јапонски министер јавно се извини поради триминутно доцнење

Јапонскиот министер задолжен за организацијата на Олимписките игри во Токио во 2020 година, Јошитака Сакурада беше изложен на критики поради триминутно доцнење, поради што мораше јавно да се извини.

 

Сакурада задоцни на седница на собраниска комисија, по што мораше да се извини, третпат за три години.

 

Опозицијата доцнењето го протолкува како непочитување на функцијата што ја извршува и затоа го бојкотираше состанокот на Комисијата за буџет.

 

Минатата недела тој изјави дека се чувствува изневерено, бидејќи талентирана јапонска пливачка соопшти дека има леукемија.

 

– Таа е потенцијален освојувач на златен медал на Игрите, спортистка од која имаме големи очекувања. Навистина сум разочаран, рече Сакурада.

 

Оваа изјава предизвика бурни реакции, поради што тој неколку дена подоцна се извини под притисок на јавноста.

 

Пред три години, Сакурада ги нарече жените кои за време на Втората светска војна биле присилени да даваат сексуални услуги на јапонските војници, „професионални проститутки".

 

Сакурада ја извршува и функцијата министер за кибер безбедност, а минатата година изјави дека никогаш не користел калкулатор и дека секогаш таа работа им ја префрлал на соработниците.

 

Јапонската опозиција во повеќе наврати побара од него да поднесе оставка.

 

Во анкета што ја спроведе дневниот весник „Асахи Шинбун", 65 отсто од испитаниците изјавиле дека овој министер не работи добро, додека 13 отсто се задоволни од неговата досегашна работа.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.