Трамп најави вето на резолуцијата на демократите за суспензија на вонредната состојба

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа најави дека ќе стави вето на резолуцијата, што евентуално би ја усвоил Конгресот на САД на предлог на демократите, за суспензија на вонредната состојба што тој ја прогласи во земјата, во обид да обебзеди средства за изградба на ѕидот на границата кон Мексико.

Трамп прогласи вонредна состојба минатиот петок, откако Конгресот не го одобри неговото барање за издвојување на 5,7 милијарди долари од Федералниот буџет за изградба на ѕидот, на чија градба жестоко се противат демократите. Во услови на вонредна состојба, Трамп може да одвои средства од Буџетот за изградба на ѕидот и без одобрение од Конгресот.

 

Демократите во Претставничкиот дом на Конгресот вчера најавија дека ќе предложат усвојување на Резолуција со која ќе се бара суспензија на вонредната состојба во САД.

 

Аналитичарите проценуваат дека ветото на Трамп би можело да натера и некои републиканци во Конгресот да ја преиспитаат својата поддршка за претседателот, оценувајќи дека ваквиот негов потегот е претеран и претставува „удар" за праксата за конгресната контрола на трошењето на средствата од буџетот.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.