Трамп ја номинира Кели Крафт за нов амбасадор на САД во ОН

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека ја предлага амбасадорката на САД во Канада, Кели Крафт за нов постојан американски претставник во ОН.

 

Во објава на Твитер, Трамп нагласи дека Крафт „извршила извонредна работа" претсавувајќи ги САД во Канада.

– Без никаков сомнеж, под нејзино раководство, нашата земја ќе биде претставена на највисоко ниво, додаде Трамп.

По најавената оставка на сегашната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли, Трамп првично за нејзина наследничка ја номинираше актуелната портпаролка на Стејт департментот Хедер Нојерт, но таа минатот викенд ја одби кандидатурата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.