ОН ќе побара околу девет милијарди долари дополнителна помош за Сирија

Обединетите нации на конференција за Сирија ќе побараат 8,8 милијарди долари дополнителна помош за земјата.

 
Во Сирија, каде што во тек е граѓанска војна веќе осум години, а стотици илјади луѓе се убиени, итно е потребна помош за 11,7 милиони луѓе, вклучувајќи и голем број деца.
 
 
ОН ќе побараат 3,3 милијарди американски долари за жртвите на граѓанската војна и 5,5 милијарди американски долари за бегалците во регионот. Повеќе од 5,6 милиони Сиријци избегаа од војната во Јордан, Либан, Ирак и Египет.
 
 
– Ние не сакаме луѓето во Сирија да бидат заборавени во време кога се чини дека меѓународната заедница е помалку загрижена, рече високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Федерика Могерини.
 
 
Високиот комесар на ОН за бегалци, Филипио Гранди, кој неодамна ја посети Сирија, рече дека околу 70 отсто од сириските бегалци живеат на раб на егзистенција.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.