ЕУ ќе одвои 1,5 милијарда евра за сириските бегалци во Турција

Европската унија ќе одвои 1,5 милијарда евра за сириските бегалци во Турција, во рамки на договорот за запирање на напливот мигранти кон ЕУ, потпишан во март 2016 година, изјави  високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини на донаторската конференција за Сирија во Брисел.

 

– ЕУ ќе одвои втора транша во вредност од 1,5 милијарда евра за сириските бегалци во Турција, рече Могерини.

 

Во рамки на договорот за мигрантите од 2016 година, Брисел вети дека ќе и додели на Анкара шест милијарда евра за сириските бегалци, за укинување на визниот режим за турските граѓани  и да отвори нови поглавја во преговорите за приклучување на Турција кон ЕУ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.