„Етихад Ервејс“ со загуба од 1,28 милијарди долари во 2018 година

Авиокомпанијата „Етихад Ервејс“ соопшти за загуби од 1,28 милијарди долари во 2018 година, што е трета година по ред со загуби од над милијарда долари.

 

Авиокомпанијата денеска објави дека имала приходи од 5,86 милијарди долари, што е намалување од шест милијарди долари во 2017 година.

 

„Етихад Ервејс“ објави загуби од 1,52 милијарди долари за 2017 година и 1,95 милијарди долари во 2016 година.

 

Стратегијата на авиокомпанијата за агресивно купување удели во авиокомпании од Европа до Австралија за да се натпреварува против Емирати и со Катар ервејс ја изложија компанијата на големи загуби.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.