Грчкиот Парламент одобри 43 предлози за уставни измени

Без изненадувања и без пресврт заврши второто и последно гласање во грчкиот Парламент за предлог измените на одредбите од грчкиот Устав.

 

Сите предлози што добија зелено светло од пратениците на првото гласање минатиот месеци, беа и вчера изгласани, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Со тоа актуелниот Парламент го отвори патот за уставните промени кои ќе ги донесе следниот состав на Парламентот, што ќе произлезе од изборите.

 

На дневен ред беа 32 предлози од СИРИЗА, четири од пратеничката група на Нова демократија и седум од пратеници од различни партии кои минатиот пат добија минимум 151 глас.

 

Предлогот на СИРИЗА за членот 32 од грчкиот Устав што се однесува на одвојување на изборот за Претседател на државата од предвременото распуштање на Парламентот доби 224 гласови од вкупно 300 пратеници. Со поголема поддршка во споредба со првото гласање помина и предлогот за верска неутралност на државата.

 

Гарантирање на индивидуалните и социјалните права, забрана на родова дискриминација поради родот и сексуалната ориентација, ограничување на пратеничкиот имунитет, ратификување на меѓународни договори со референдум, замена на премиерот поради здравствени причини, гарантирањето на независноста кај воените судии се дел од уставите измени кои од грчкиот Парламент добија зелено светло на првото гласање.

 

Предлозите за уставни измени што добија од 151 до 179 гласови, следниот парламент што ќе произлезе од новите избори, ќе треба да ги изгласа со 180 гласови, оние што на вчерашното гласање добија минимум 180 позитивни гласови од пратениците, во следниот парламент ќе биде потребно минимално мнозинство од 151.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.