Мас: На Велика Британија треба да и се даде повеќе време за договор за Брегзит

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас изјави денеска дека е пожелно на Велика Британија да и се даде повеќе време за постигнување договор за излегувањето на таа земја од Европската унија.

 

– Мораме да знаеме што Британците сакаат, што е целта на продолжувањето на токот, истакна Мас.

 

– Пред да дојдеме до Брегзит без договор, потребно е да се обидеме уште еднаш, а не само да расправаме за тоа што значи Брегзит без договор, истакна шефот на германската дипломатија.

 

На прашањето дали Брегзит може да биде одложен за после изборите за Европскиот парламент во мај, тој оцени дека со секое одложуваше, ситуацијата станува потешка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.