Русија ќе распореди Ту-22М3 на Крим

 Русија одлучи да распореди стратешки бомбардери Тупољев (Ту-22М3) на полуостровот Крим како одговор на американското поставување на систем за ракетна одбрана во Романија.

 

Русија планира да постави бомбардери, кој можат да носат нуклеарни бомби, во воздухопловната база Гвардескоје на Крим, изјави шефот на Одборот за одбрана и безбедност на Горниот дом на рускиот Парламент, Виктор Бондарев.

 

Русија го анектира Крим во 2014 година, а рускиот претседател Владимир Путин денеска беше на Полуостровот по повод петгодишнината од анексијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.