Намалено нивото на терористичка закана во Утрехт по апсењето на осомничениот

Холандските власти го намалија нивото на терористичка закана во централниот град Утрехт, на четврто од петто ниво, по апсењето на осомничениот во смртоносниот напад во трамвај.

 

Според властите, одлуката  е донесена по „апсењето на главниот осомничен за нападот”.

 

Нивото на терористичка закана сега е на четврто ниво како и во останатиот дел од Холандија.

 

Одлуката дојде набрзо откако полицијата објави за апсењето  на прес конференција пренесувана од националната телевизија.

 

Три лица загинаа во денешниот напад, а петмина се повредени од кои тројца се со сериозни повреди, соопшти полицијата.

 

Таткото на осомничениот за нападот во трамвајот во Утрехт кој е роден во Турција, рече дека сака синот да му биде казнет ако навистина е извршител на нападот.

 

– Ако го направил тоа, треба да биде казнет, изјави Мехмед Таниш татко на Ѓокмен Таниш.

 

Холандската полиција го уапси 37-годишниот Ѓокмен Таниш роден во Турција по нападот во трамвај во Утрехт.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.