Можно е да има повеќе од 1.000 загинати во циклонот „Идаи“

Претседателот на Мозамбик, Филипе Њуси изјави дека е можно повеќе од илјада луѓе да го загубиле животот во циклонот „Идаи“.

 

Иако моментно официјалниот биланс на жртвите изнесува 84, Њуси истакна дека стравува оти ќе има повеќе од илјада загинати.

 

Тој нагласи и дека над 100.000 луѓе „се во опасност“ од последиците на циклонот „Идаи“, кој според многумина е најкатастрофален во последните 20 години.

 

– Реките Пунге и Бузи се излеале од своите корита, исчезнале цели села, а многу се отсечени од светот, изјави Њуси, додавајќи дека станува збор за катастрофа од огромни размери.

 

Претседателот со хеликоптер го посетил пристаништниот град Беиру, како и руралните провинции Маника и Софала, кои се уништени од поплавите.

 

Циклонот „Идаи“ минатата недела го погоди Беиру, а потоа ги зафати Зимбабве и Малави. Во сите три земји загинаа вкупно 2015 лица, стотици се водат како исчезнати, а над 1,5 милиони луѓе се погодени од последиците на невремето.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.