Британската Влада ги разгледува опциите за Брегзит

Владата на Велика Британија ги разгледува можните одговори на одлуката на претседавачот на Парламентот дека премиерката Тереза Меј не може повторно пред пратениците да го образлага договорот за излегување од Европска Унија.

 

Пратениците досега двапати го одбија тоа.

 

Министерот за Брегзит, Стивен Баркли  изјави дека Владата „сериозно ќе ја разгледа“ одлуката на претседавачот Џон Беркау дека договорот не може да биде ставен на гласање ако нема суштински измени.

 

Баркли истакна дека Владата треба „детално да ја проучи одлуката“.

 

– Фактот дека еден број пратеници изјавија дека поинаку ќе гласаат укажува на тоа дека работите се различни, посочи Баркли.

 

Меј веќе имаше разговори со противниците во рамките на подготовките за ново гласање. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.