Израелска министерка во кампања користи парфем „Фашизам"

Израелската министерка за правда Ајелет Шакед се појави на видео снимка во која провокативно рекламира парфем наречен „Фашизам" во рамки на кампањата за претстојните избори. Министерката е член на ултрадесничарската партија Нова десница.

 

Во црно-бел спот таа го мириса парфемот „Фашизам" додека ги шепоти своите клучни политички пораки: „Реформа во судството… ограничување на Врховниот суд".

 

Потоа, гледајќи во камерата, Шакед сугерира дека парфемот е погрешно именуван, истакнувајќи дека за неа „тоа мириса на демократија".

 

Реакциите за видеото биле различни на социјалните мрежи.

 

Додека некои луѓе, кои главно не се Евреи го сфатиле буквално спотот, други, пак, сугерирале дека шегата е многу блиску до вистината, укажувајќи оти министерката промовира ултранационалистичка и авторитарна политика.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.