Во Косово невработени 31,4 отсто од работоспособното население
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 20 Март 2019
Според податоците на косовската Агенција за статистика, во Косово во моментов има 159.684 невработени, што претставува 31,4 отсто од работоспособното население, јави дописникот на МИА од Приштина.
Нивото на невработеност, според официјалните податоци, е повисоко кај жените одошто кај мажите.
Весникот „Коха Диторе" пишува денеска дека нивото на невработеност во последното тримесечје од 2018 година е зголемено за 0,8 отсто во однос на последниот квартал од 2017 година.
Весникот ги пренесува и наводите од извештајот „Трендовите на пазарот на труд во Западен Балкан 2019", изготвен од Светската банка и Институт за меѓународни економски студии од Виена, според кој. Косово има највисоко ниво на невработеност во регионот.
Во извештајот се вели и дека перформансите на пазарот на труд во Западен Балкан продолжуваат да се подобруваат, иако со намален ритам во однос на претходната година и со сиот зголемен економски раст во регионот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс