Американски суд: Препарат на „Баер" против плевел е канцероген

Американски суд утврди дека еден од најупотребуваните препарати за уништување плевел „Раундап" на фармацевстката група Баер  е „главен фактор” кој предизвикува рак кај луѓето.

 

„Баер" категорично ги отфрли тврдењата дека нивниот производ „Roundup", кој се базира на хемиски глифосат, е канцероген.

 

Судот во Сан Франциско едногласно пресуди дека препаратот придонел за  не-Хоџкинс лимфом на корисникот Едуин Хардман од Калифорнија.

 

Во следната фаза од судскиот процес ќе бидат разгледани одговорноста и штетите нанесени од компанијата „Баер". Тужителот ќе се обиде да докаже дека „Баер" вложувал напори за да влијае врз научници, регулаторни органи и јавноста дека неговите продукти не се опасни.

 

При отворањето на берзите утрово, вредноста на акциите на „Баер" се намалија за речиси 12 отсто.

 

Германската фирма, која го доби продуктот „Раундап" по спојувањето со американскиот конкурент „Монсанто", во зделка вредна 66 милијарди долари, соопшти дека е разочарана од првичната одлука на судот.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.