ДС: Српката власт да престане да ги преставува воените злосторници како херои

Српската опозициска Демократска партија (ДС) денеска ја осуди „секоја релативизација“ на пресудата во Хаг, со која, поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ е осуден на казна доживотен затвор за воени злосторства во БиХ и ја повика актуелната Влада и српскиот претседател Александар Вучиќ да „престанат со кампањата на претставување на воените злосторници како херои“.

 

ДС наведувајќи дека вчерашната пресуда „е важна за справување со минатото, утврдување на одговорноста и создавање на предуслови за градење на иднина без хипотеки од минатото“, партијата оценува дека со пресуда за Караџиќ се „утврдува индивидуалната одговорност и се докажува дека српскиот народ, не носи колективна вина за извршените злосторствата“.

 

– Пресудата обезбедува сатисфакција за жртвите и надеж на сите кои се борат за хумани идеали на слободата, мирот и разбирањето. Токму тука е нашата одговорност, на поединците и на партиите, на општеството како целина, и во периодот пред нас ги оневозможиме ревизионистички толкувања, националистичката реторика и насилството против они кои размислуваат поинаку, се посочува во соопштението на ДС.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.