Габриел Леш: Црното Море е од стратешка важност за НАТО

Романскиот министер за одбрана Габриел Леш изјави дека НАТО треба да имплементира долгорочна и сеопфатна стратегија за да се обезбеди сигурност на Црното Море од наводно руско влијание.

 

– Русија е на ново ниво на стратешки пристап, и е подготвена со директна агресија да постигне одредени политички цели, изјави Леш на „Атлантско-Црноморскиот форум".

 

– Целта е очигледна, поставување и одржување воена доминација, и да се спречи пристап на западот до регионот, и да ги поткопа европските и евроатлантските аспирации на Грузија, Украина и Молдавија, додаде министерот.

 

Леш истакна и дека Црното Море стана област од стратешка важност за НАТО.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.