Фрлена рачна бомба во рускиот конзулат во Атина

Непознати лица околу 4 часот утрово фрлиле рачна бомба во дворот на конзулатот на Русија што се наоѓа во северниот дел на Атина.  

 

 Според последните информации на кои што се повикува грчката новинска агенција АНА-МПА, рачната бомба експлодирала и е предизвикана материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина 

 

 Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, а не е исклучена можноста зад нападот да стои некоја од грчките терористичко- анархистички организации.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.